Најмалку 25 цивили се повредени во ракетен напад врз Краматорск, во областа Донецк, извршен од страна на руските сили, соопшти Советот на градот на Телеграм.
„Уште еден ракетен напад врз Краматорск. Беше опасно, се случи синоќа во населени места и во централниот дел на градот“,
се вели во објавата на Телеграм.

Претходно, гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај, изјави дека во синоќашното гранатирање на руските сили загинале петмина цивили.
Русија изминатите недели ги пренасочи своите напади на исток и на југ откако претходно се обиде да го опколи и да го заземе главниот град на Украина, Киев.