Руските сили депортирале речиси 40 000 луѓе од Мариупол во Русија или сепаратистичката Народна Република Донецк, изјави денеска градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко.
„Го проверивме пописот на оние кои се депортирани од Мариупол во Русија или во самопрогласената република Донецк. Станува збор за речиси 40 000 луѓе. Сега почнаа да ги кријат овие листи. За жал, моментално не можеме да ги провериме сите податоци, но продолжуваме со работа“,
изјавил Бојченко, пренесува Си-ен-ен.
Тој тврди и дека поголем дел од овие луѓе завршиле како работници во Сибир.
„Руската војска го носи локалното население длабоко во Русија, на далечниот Исток или во Сибир и таму ги вработуваат“,
истакнал Бојченко, додавајќи дека жителите на Мариупол преселени во Русија им се даваат понижувачки работни места.