Најмалку 10 лица загинаа, а 15 се повредени во руски напад во фабрика за хемиски производи во Авдивка, град на исток во Украина, соопшти за медиумите гувернерот на Донецк.
„Најмалку 10 мртви, 15 повредени. Ова се последиците од бомбардирањето на рускиот окупатор врз фабрика за во Авдивка“,
објави на Телеграм гувернерот Павло Кириленко, потенцирајќи дека бројот на жртви би можел и да се зголеми.
Тој во својата објава додава и дека цел на руската војска биле работниците кои во тоа време ја завршувале смената и чекале автобус.
Авдивка е град со околу 30 000 жители, а состојбата овде од почетокот на руската инвазија била релативно мирна.