Вчера, финскиот весник „Илталехти“, повикувајќи се на неименувани владини извори, објави дека Финска ќе одлучи да поднесе барање за членство во НАТО на 12 мај
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина.
„На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник што ќе биде ’за‘“,
рече Милановиќ.
На одбележувањето на Денот на Вуковар, тој ја нарече хрватската влада „предавничка“ поради прашањата за Хрватите во соседната земја.
„Имаме предавничка влада, ги предава Хрватите во БиХ, а тие луѓе таму бараат многу малку, само основно, држава во која се почитуваат националните права“,
рече Милановиќ.
Финска и Шведска се двете земји кои иако досега беа неутрални, по руската инвазија на Украина покажаа интерес за влез во Алијансата, а како што беа објавени и анкети, порасна и поддршката од тамошните граѓани.
Вчера, финскиот весник „Илталехти“, повикувајќи се на неименувани владини извори, објави дека Финска ќе одлучи да поднесе барање за членство во НАТО на 12 мај.
Одлуката за приклучување кон Финска може да дојде по два чекора – прво претседателот Саули Нинисто да го одобри членството во НАТО, по што предлогот за апликација да оди во парламентот.