Во Русија и годинава ќе се одржи прослава по повод 9 Мај, но не се поканети странски лидери. Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков тој датум во 2022 година не е јубилеен
Москва нема да постави „вештачки“ временски рамки за својата воена операција во Украина за да ја заврши до Денот на победата, на 9 мај, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Нашите војници нема вештачки да ги засноваат своите активности на одреден датум, вклучувајќи го и Денот на победата. Свечено ќе го прославиме 9 мај, како и секогаш“,
изјави Лавров во интервју за италијанската медиумска куќа Медиасет, пренесува руската агенција ТАСС.
Според него, темпото на руската специјална воена операција во Украина првенствено зависи од „потребата да се намалат ризиците за цивилите и руските војници“.
Лавров посочи дека операцијата е особено насочена кон обезбедување на безбедноста на цивилите и да се осигура дека нема закани од Украина за цивилите и Русија, „што би било поврзано со офанзивно оружје и ширење на нацистичките идеи што Западот ги обидува да се намали“.
„Видов извештаи на Ен-би-си, читав списание ‘Нешенал интерест’. Таму почнаа да се појавуваат сериозни написи кои предупредуваат да не се игра со нацистите, како што се случи во 1935-1938 година“,
нагласи рускиот висок дипломат.
Во Русија и годинава ќе се одржи прослава по повод 9 Мај, но не се поканети странски лидери. Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков тој датум во 2022 година не е јубилеен.
„Не поканивме ниту еден странски лидер на Денот на победата. Факт е дека ова не е јубилеен датум. Ова е наш празник, ова е свет празник за цела Русија, за сите Руси“,
истакна Песков.
Тој додаде дека не се очекува ниту присуство на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко на 9 мај.
„Колку што знам, тој не планира посета“,
нагласи Песков.