Едно лице загина, а друго е тешко повредено во несреќа во фирма во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, на 30.04.2022 во 15.24 часот во СВР Битола било пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј.(59) и М.Ш.(45), двајцата од Битола.
Од здобиените повреди, М.Ј. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.Ш. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Дел од медиумите јавија дека работниците растоварале гранитни и мермерни плочи од кои подоцна се изработуваат надгробни споменици, по што голема гранитна плоча паднала врз нив.
