Жителите останаа дома и набавуваа залихи на храна во случај на воведување на ограничувања на движењето, што веќе беше случај во неколку градови, вклучително и финансискиот центар Шангај
Во главниот град на Кина, Пекинг започна тестирањето на милиони жители, како и затворање на станбени и деловни делови, поради новиот бран на епидемијата на ковид-19.
Иако во петокот беа откриени околу 40 случаи нови заразени во град со повеќе од 21 милион жители, властите презедоа екстремни мерки за да спречат ширење на вирусот, во согласност со нивната политика на нула толеранција на заразени.






Жителите останаа дома и набавуваа залихи на храна во случај на воведување на ограничувања на движењето, што веќе беше случај во неколку градови, вклучително и финансискиот центар Шангај.
Централниот град Анијанг, како и Дандонг на границата со Северна Кореја, најавија затворање бидејќи варијантата омикрон се шири.