Изложбата во главниот град на Албанија ќе биде отворена следните неколку месеци
Отворањето на изложба на делата од еден од најреномираните македонски графички дизајнери, Зоран Кардула, синоќа во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана привлече бројни гости од јавниот и од културниот живот.
Се собраа и голем број дипломати од повеќе земји, како Германија, Јапонија, Велика Британија и Франција.
Домаќините, пак, ги почестија и со крушевски локум.
„Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност, што се манифестираше со реакциите на публиката. Специјалитетот, крушевски локум и атмосферата со Ди-џеј Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта за што се погрижија директорот на Македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански и уметникот Кардула“,
соопштија од Македонскиот културно-информативен центар во Тирана.
Изложбата ќе биде отворена следните неколку месеци.
