Градоначалникот на градот Буча, која се наоѓа во близина на Киев, за тамошните медиуми, денеска изјавил дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека се убиени од руските сили за време на окупацијата на тој регион, како и дека нивниот број расте, пренесе Ројтерс.
Градоначаникот Анатолиј Федорук за време на брифингот со новинарите рекол дека е прерано мештаните да се вратат во градот, откако руските војници се повлекоа оттаму кон крајот на минатиот месец.
Москва, која во повеќе наврати негираше дека напаѓа цивили во текот на војната во Украина, ги негираше и овие наводи и ги нарече „монструозни лаги“, кои имаат за цел да ја „дискредитираат руската војска“.
Од друга страна пак Њујорк Тајмс претходно објави и сателитски снимки на кои се гледаат мртви тела како лежат по улиците на Буч, неколку дена откако руската војска го напушти овој град.
Многу европски и светски лидери го осудија масакрот во Буча, обвинувајќи ја Русија за истиот и повикаа на дополнителни санкции кон Русија.