Според него, потребата од изнаоѓање заеднички позиции во рамките на ЕУ е зголемена и затоа е „вистинско време да се оди напред“ со процесот за приклучување на Западен Балкан
Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на забрзување на пристапот на Западен Балкан во Европската унија, кој е блокиран со години, во услови на, како што рече, „новата ера“ во светлина на руската инвазија на Украина.
На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Берлин, Шолц вети дека ќе помогне ова прашање да напредува.
„Мој впечаток е дека живееме во нова ера и дека тоа има врска со руската агресија во Украина“,
изјави германската канцеларка.
Според него, потребата од изнаоѓање заеднички позиции во рамките на ЕУ е зголемена и затоа е „вистинско време да се оди напред“ со процесот за приклучување на Западен Балкан.
Лидерите на Европската унија ја повторија „својата посветеност на процесот на проширување“ на самитот во Словенија, што предизвика дополнително разочарување кај шесте европски кандидати (Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово) кои се надеваа дека ЕУ ќе се придржува до ветена агенда.
Албанскиот премиер кој е во посета на Германија денеска повтори дека ако во јуни нема формално отворање на преговорите за членство на Албанија и С Македонија во пакет поради бугарското вето, тогаш Албанија ќе се одвои на европскиот пат.