Од почетокот на годинава таа е зголемена за 1 000 денари, а во однос на претходната година во март за 3 000 денари. Најголемо зголемување има кај исхрана и пијалаци и кај превозот
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36 768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка.
„Од почетокот на годинава е зголемена за 1 000 денари, а во однос на претходната година во
велат од Сојузот на синдикати на Македонија.
март е зголемена за 3 000 денари. Најголемо зголемување има кај исхрана и пијалаци и кај превозот, што значи си продолжува растот на истата“,
За храна и пијалаци во март биле потребни минимум 15 780 денари, а за режиски трошоци 11 597 денари. Останатите пари од синдикалната минимална кошничка се за превоз, облека и за здравствени услуги.
И Државниот завод за статистика денеска излезе со најнови податоци за трошоците на живот и цените на мало. Според статистичките податоци, во март инфлацијата изнесува 8,8 проценти во однос на март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари, има зголемување за 1,6 проценти кај трошоците на живот и за 1,5 проценти кај цените на мало.
