На денешната прес-конференција во Софија, Фон дер Лајен нагласи дека е важно ЕУ да го исполни своето ветување во овие тешки времиња кон своите соседи. Според неа, времињата се многу бурни и тие ќе ја одредат иднината на Европа и повтори дека треба да се исполни ветувањето кон партнерите од 2020 година и оти смета на Бугарија дека вешто ќе го води процесот
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Софија побара Бугарија да помогне за реализирање на одлуката на Европскиот совет од 2020 година за почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, јави МИА од Софија.

На денешната прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков во Софија, Фон дер Лајен нагласи дека е важно ЕУ да го исполни своето ветување во овие тешки времиња кон своите соседи. Според неа, времињата се многу бурни и тие ќе ја одредат иднината на Европа, повторувајќи дека треба да се исполни ветувањето кон партнерите од 2020 година и оти смета на Бугарија дека вешто ќе го води процесот.
Таа истакна дека правата на малцинствата се во основата на европските договори и вредности и дека заштитата на малцинските права е основна вредност и тие се во фокусот на вниманието.
Претседателката на ЕК, исто така, потенцира дека ништо нема да е исто како што било пред војната во Украина.