Во својот победнички говор, Орбан ги критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и бирократите од Брисел, при што ги нарече противници и додаде оти неговата голема победа може да се види од Месечината, но и од Брисел
Освојувајќи го четвртиот мандат по ред, унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи убедлива победа на синоќешните општи избори во земјата, при што рече дека неговата голема победа може да се види од Месечината, но и од Брисел, пренесе Би-би-си.
Во својот победнички говор, Орбан ги критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и бирократите од Брисел и ги нарече противници.
„Никогаш не сме имале толку многу противници. Бриселските бирократи… меѓународните водечките медиуми и украинскиот претседател“,
изјави Орбан во својот победнички говор, пренесе Би-би-си.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ја критикуваше забраната на Орбан за пренос на оружје во Украина, со која таа ја дели границата. Сепак, Орбан – кој има блиски врски со Москва – ја осуди руската инвазија и прими половина милион бегалци од почетокот на војната во февруари.