Попладнево заврши дводневниот состанок на мешовитата комисија за историски прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, а двете страни информираа дека ќе дадат соопштение за медиумите подоцна во текот на денот.
„Нема да даваме изјави, ќе добиете заедничко соопштение од двете министерства за надворешни работи“,
изјави Ангел димитров, претседателот на бугарскиот тим.
Претходно, бугарските историчари за МИА откриле дека темата за Цар Самоил е завршена работа и дека е постигнат договор, но не се откриени повеќе детали.