Организаторот на протестот, Антон Литвин, пак, кажа дека на ваков начин сакаат да ѝ покажат на Чешката Република и на чешкиот народ дека Русите се против Путин
Илјадници Руси денеска маршираа низ главниот град на Чешка, Прага, протестирајќи против руската инвазија на Украина.
Демонстрантите носеа маици со фотографија на претседателот Владимир Путин над која пишуваше „убиен“ и извикуваа: „Не за војната“, јавува Ројтерс.
Маршот започна од Плоштадот на мирот во Прага и продолжи низ центарот на главниот град. Според проценките на чешката полиција, на демонстрациите присуствувале околу 3 000 луѓе.
„Ние сме против Путин. Не се согласуваме со неговата политика. Ова е начин да му покажеме на светот дека работите што се случуваат во Украина не се исправни“,
вели Александар Сибримов, 19-годишен студент кој на протестот дошол со неговиот татко.
Организаторот на протестот, Антон Литвин, пак, кажа дека на ваков начин сакаат да ѝ покажат на Чешката Република и на чешкиот народ дека Русите се против Путин.
Во Чешка живеат околу 45 000 Руси што ги права четвртата по големина странска заедница која живее таму.
Прва заедница по бројност, пак, е украинската. Пред почетокот на воената инвазија која предизвика бегалски бран, во Чешка живееле околу 200 000 Украинци. Проценките на чешките власти се дека од почетокот на војната, во земјата се засолниле околу 300 000 украински бегалци.
Photo: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY