Тој ги повика жителите да останат во засолништата за воздушни напади и да се воздржат од споделување фотографии или видеа од нападот

Градоначалникот на Лавов, најголемиот град во западниот дел на Украина, Андриј Садовиј, попладнево потврди дека градот бил цел на воздушен напад на руските сили.
Градоначалникот се огласи преку мрежата Телеграм, каде не соопшти повеќе детали наведувајќи дека чека информации од воената администрација. Садовиј ги повика жителите да останат во засолништата за воздушни напади и да се воздржат од споделување фотографии или видеа од нападот.

Претходно, информацијата дека се слушнале експлозии објави и Б-би-си. Како што јави дописникот на британскиот јавен сервис, одекнале три силни експлозии по кои почнале да се издигаат црни облаци од чад во периферијата на градот.