Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, информира дека двајца фудбалски репрезентативци и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши поради постигнатиот успех и големата историска победа против актуелниот европски шампион Италија.
„Станува збор за Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски. Тие се нашите најдобри амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија. Пасошот ќе го добијат во 12:30 часот“,
истакна Османи.
