Руското Министерство за одбрана објави нови податоци за своите воени жртви, тврдејќи дека загинале 1 351 војници, а 3 825 се ранети
Канцеларијата за права на ОН соопшти дека има потврда за најмалку 1 081 цивилна жртва во Украина, додека 1 707 се повредени од почетокот на руската инвазија, додавајќи дека вистинската бројка на жртви веројатно ќе биде значително поголема
Русија соопшти дека ја завршила првата фаза од интервенцијата во Украина и дека сега ќе се фокусира на „целосно ослободување“ на источниот украински регион Донбас.
Во анализата на Би-би-си се наведува дека тоа најверојатно значи дека руските сили ќе се концентрираат на придвижување на така наречените „линии на контакт“, што ги делат териториите под контрола на Украина од териториите контролирани од проруските сепаратисти во самопрогласените „народни републики“ Доњецк и Луганск.
Според западни претставници најавата имплицира дека Русија е свесна дека нејзината првична стратегија пропадна.
Украинските власти вечерва соопштија дека руските сили извршиле ракетен напад врз воениот команден центар во централниот украински град Виница.
„Проектили погодија неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата“,
соопшти украинското воздухопловство на Телеграм.
Мировните преговори меѓу Русија и Украина продолжуваат – но има мал напредок за главните политички прашања, вели член на рускиот преговарачки тим, но додава дека двете страни се приближуваат по секундарните прашања.
Вкупно 7 331 лице денеска се евакуирани од украинските градови преку хуманитарни коридори, изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
Тоа е повеќе од двојно од 3 343 кои успејаа да побегнат во четвртокот.
Вицепремиерката во објава на интернет рече дека 2 800 луѓе го напуштиле опколениот град Мариупол користејќи приватен превоз.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја отфрли молбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за оружје и построги санкции против Русија.
Орбан во видеопорака објавена на социјалните мрежи порача дека барањата на Зеленски не се совпаѓаат со интересите на Унгарија и дека санкциите насочени кон рускиот енергетски сектор би значеле кочење на унгарската економија и нејзино извесно стопирање во даден момент.
Руското Министерство за одбрана објави нови податоци за своите воени жртви, тврдејќи дека загинале 1 351 војници, а 3 825 се ранети.
Канцеларијата за права на ОН соопшти дека има потврда за најмалку 1 081 цивилн жртва во Украина, додека 1 707 се повредени од почетокот на руската инвазија, додавајќи дека вистинската бројка на жртви веројатно ќе биде значително поголема.
САД и ЕУ потпишаа нов договор за испорака на американски гас за европските земји, со што западните сојузници ќе се обидат да стават крај на зависноста на Европа од руската енергија.
Новиот договор доаѓа на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ во чиј фокус е руската инвазија на Украина поради која ѝ беа наметнати санкции на Русија што, пак, си го зема својот данок – енергетска криза во Европа.