Овој случај е многу сличен на сечењето на цевките за довод на кислород во тетовската болница на 23 август лани, кога насилно беа оштетени две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана
Крадци се обиделе да ја украдат бакарна цевка од боца за кислород во централата што го снабдува Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е оддалечена од зградата на Инфективното одделение во кое се лекуваат ковид болни.
Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од наглото испуштање на гасот па побегнал, а тоа го спречило да предизвика огромен проблем во снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението. Но, за среќа ова не било доведено во прашање.
Случајот е пријавен во СВР-Штип, од каде извршиле увид и се уште се трага по сторителот.
Овој случај е многу сличен на сечењето на цевките за довод на кислород во тетовската болница на 23 август лани, кога насилно беа оштетени две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.
За неколку дена полицијата излезе со информација дека жител на Желино е сторителот кој беше приведен.