„Нема да се заврши, ќе биде мост за ловење риба“, велат од СДСМ цитирајќи ја првата изјава на Арсовска за овој проект кога најави негова целосна блокада и, како што додаваат оттаму, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ конечно треба да престане да бара оправдување за неработењето и да се зафати со работа
Досега сите предмети за експропријација за мостот во Аеродром, над 80, што се решени во овој период, се поради соодветни постапки започнати од претходната локална власт, Арсовска нема тука никаков удел, реагира СДСМ во однос на изјавата на градоначалничката Данела Арсовска која кажа оти стопирањето на изградбата на мостот на булевар АСНОМ е поради нерешените имотно-правни прашања од власта на СДСМ.
„Мостот од Аеродром кон Гази Баба и пробивањето на булеварот АСНОМ се проекти на Петре Шилегов, започнати во март 2020 година и со вредност од 16 милиони евра. Оттука, ако има проблем за завшрување на проектот мост во Аердром тоа е само поради неработењето на Арсвоска“,
реагираат од Социјалдемократскиот сојуз во врска со изјавата на Арсовска.
„Нема да се заврши, ќе биде мост за ловење риба“, велат од СДСМ цитирајќи ја првата изјава на Арсовска за овој проект кога најави негова целосна блокада и, како што додаваат оттаму, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ конечно треба да престане да бара оправдување за неработењето и да се зафати со работа.
Претходно денеска, на прес-конференција во врска со проектот за изградба на мостот кај булевар АСНОМ, градоначалничката Арсовска посочи оти мостот ќе биде изграден до крај, и покрај тоа што претходното градско раководство ја почнало изградбата на мостот без план за негово завршување.
Таа додаде оти несоодветното планирање на сите фази на проектот од претходната градска власт на чело со СДСМ е главната причина за моменталните состојби и имотно-правни прашања, за кои, како што рече, сега активно се изнаоѓаат решенија за нивно надминување.