Покрај новинарската, во гранатирањето загинало уште едно лице, а две се повредени

Руска новинарка Оксана Баулина денеска загинала за време на бомбардирањето на Киев од страна на руските сили.
Баулина известувала од Киев и од градот Лавов за истражувачката веб-страница Инсајдер, објавија од медиумот.
Таа загинала додека снимала за штетата нанесена во киевската населба Подил.
Новинарката, пренесува Би-би-си, претходно во нејзината кариера работела и за антикорупциската фондација на рускиот опозиционер Алексеј Навални, но откако власта на Владимир Путин ја прогласи фондацијата за нелегална и екстремистичка, Баулина како и голем дел од другиот персонал ја напуштиле Русија.
Покрај новинарската, во гранатирањето загинало уште едно лице, а две се повредени.