Блумберг објави анализа на податоците за летот, кои покажуваат дека авионот пред да удри во земјата летал речиси со брзина на звукот. „Боингот 737“ во последните моменти се движел со брзина поголема од 966 километри на час
Пронајдена е црната кутија каде се што се сместени податоците од авионот од компанијата „Чајна истерн ерлајнс“ кој во понеделникот се урна во планинско подрачје во јужна Кина.
„Ја пронајдовме црната кутија на летот“,
кажа во средата Лиу Лусонг, портпаролот на кинеската воздухопловна агенција, но кинеските државни медиуми подоцна објавија оти уредот е оштетен.
Авионот од типот „боинг 737“ имал два снимачи на податоци. Едниот ги следел податоците за летот и се наоѓал во задниот, патнички дел на авионот, а другиот снимал аудиозаписи и бил сместен во пилотската кабина, пишува Франс прес, а пренесе РСЕ.
„Во моментов не е јасно дали е пронајден снимачот на податоци или снимачот на аудиозаписи“,
рече Мао Јанфенг, претставник на кинеската Управа за цивилно воздухопловство.
За потсетување, авионот на компанијата „Чајна истерн ерлајнс“ во понеделникот неочекувано изгуби контрола и се урна во планинска област во јужна Кина, а во несреќата загинаа сите 132 патници и членови на екипажот.
Блумберг објави анализа на податоците за летот, кои покажуваат дека авионот пред да удри во земјата летал речиси со брзина на звукот. „Боингот 737“ во последните моменти се движел со брзина поголема од 966 километри на час.
„Прелиминарните податоци покажуваат дека тој летал блиску до брзината на звукот и имал многу голем пад“,
изјави експертот за аеронаутика Џон Хансман од Технолошкиот институт на Универзитетот во Масачусетс.