Не наведувајќи конкретни докази, Зеленски рекол и дека руските сили подготвуваат напади од таканаречени „зони на исклучување“ околу нуклеарната централа во Чернобил
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побарал Јапонија да го зголеми притисокот со санкции на Русија преку воведување ембарго за трговија со руска стока. Во своето обраќање во парламентот во Токио преку видеоврска, Зеленски ѝ се заблагодарил на Јапонија за нејзината осуда на руската инвазија и воведувањето санкции.
„Одговорни држави се обединуваат за да го заштитат мирот. Ви благодарам на вашиот принципиелен став во овој историски момент, на вистинската помош кон Украина“,
истакнал Зеленски.
Тој оценил и дека Јапонијае е првата азиска земја која ја поддржала Украина.
„Вие бевте првата земја во Азија која вистински почна да врши притисок врз Русија за враќање на мирот и која ги поддржа санкциите кон Русија, затоа ве повикувам да продолжите да го правите тоа“,
додал Зеленски.
Не наведувајќи конкретни докази, Зеленски рекол и дека руските сили подготвуваат напади од таканаречени „зони на исклучување“ околу нуклеарната централа во Чернобил откако минатиот месец, во раните фази на војната, тие ја окупираа централата.
„Светот е на раб на многу нови кризи“,
додал Зеленски.
По неговиот говор членовите на парламентот во Токио на крај го поздравиле со стоечки аплауз.