Новата регулатива предвидува враќање на обврската за носење FFP2 маски во сите затворени простори за лицата што биле во контакт со заразено лице, а не се целосно вакцинирани
Од укинувањето на мерките, бројот на новозаразени драстично скокна, достигнувајќи речиси 60 000 дневно минатата недела, а моментално е нешто под 40 000
Светската здравствена организација вчера упати критики до Германија, Франција, Италија и Велика Британија, бидејќи пребрзо ги укинале антиковид-мерките и како резултат на тоа сега се соочуваат со голем скок во случаите на заразени со подваријантата на сојот омикрон – стелт
Новите епидемиолошки мерки што требаше да стапат во сила во Австрија на полноќ се одложени за четврток.
Новата регулатива предвидува враќање на обврската за носење FFP2 маски во сите затворени простори за лицата кои биле во контакт со заразено лице, а не се целосно вакцинирани, со што ќе можат да одат во продавници, но не и на места каде што има масовни собири.
Една од причините е и тоа што конкретни детали од регулативата не можеле да се договорат бидејќи има несогласувања околу тоа дали правилото „3Г“ може да се замени со маските, односно дали маските се соодветна замена за поседување сертификат за вакцинација, потврда за прележан ковид-19 или негативен тест.
Од Министерството за здравство велат дека вакви мерки ќе се спроведат, но прво треба да се разгледаат некои детали.
Австрија беше принудена да врати дел од мерките откако на 5 март ги укина речиси сите ограничувања.
Од укинувањето на мерките, бројот на новозаразени драстично скокна, достигнувајќи речиси 60 000 дневно минатата недела, а моментално е нешто под 40 000.
Светската здравствена организација вчера упати критики до Германија, Франција, Италија и Велика Британија бидејќи пребрзо ги укинале антиковид-мерките и како резултат на тоа сега се соочуваат со голем скок во случаите на заразени со подваријантата на сојот омикрон – стелт.
СЗО ги повтори наодите од претходната анализа дека бројот на новозаразени во Европа првично значително се намалил по врвот на крајот на јануари, но повторно почнал да расте на почетокот на март.
