Шефот на одделот за медиуми при УНХЦР, Метју Салтмарш, рече дека нападот врз објект за одржување авиони во Лавов утринава може да предизвика дополнителен прилив на бегалци кои се упатуваат кон границата со Полска
Повеќе од два милиони украински бегалци влегоа во Полска од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти полската погранична служба прецизирајќи оти повеќето од бегалците се жени и деца.
Претходно, портпаролот на Агенцијата за бегалци при ОН (УНХЦР) рече дека постои загриженост во Полска оти земјата почнува да ја достигнува точката на кулминација во однос на бројките на бегалци кои пристигнуваат во земјата.

Шефот на одделот за вести и медиуми при Агенцијата за бегалци, Метју Салтмарш, рече дека нападот врз објект за одржување на авиони во Лавов утринава може да предизвика дополнителен прилив на бегалци кои се упатуваат кон границата.
Лавов не е далеку од полската граница и многу Украинци допатуваа во градот заради релативна безбедност.
„Ако видиме повеќе конфликти во и околу Лавов, постои голема опасност повеќе луѓе да се упатат особено кон полската граница која е во близина на тој град“,
рече Салтмарш.