Во ажурирањето на 3 март, Русија тврдеше дека 498 нејзини војници биле убиени во борби, но оттогаш молчи за објавување дополнителни бројки
На 23-тиот ден од руската инвазија, украинското Министерство за одбрана во своето секојдневно ажурирање што го ообјавува на социјалните мрежи вели дека околу 14 200 руски војници се убиени од почетокот на конфликтот.
❗️Загальні бойові втрати противника з 24.02 по 18.03/The total combat losses of the enemy from 24.02 to 18.03 ➡️ https://t.co/uaO9QYFNB5 pic.twitter.com/R9ebroYguN
— Defence of Ukraine (@DefenceU) March 18, 2022
Утврдувањето на точниот број на жртви на секоја страна се покажа како предизвик, при што и Русија и Украина прикажуваат различни податоци за загуби.
Во ажурирањето на 3 март, Русија тврдеше дека 498 нејзини војници биле убиени во борби, но оттогаш молчи за објавување дополнителни бројки.
Во меѓувреме, американските власти во четвртокот соопштија дека бројот на руски жртви би можел да биде над 7 000 и 14 000 повредени.
Помеѓу другите штети нанесени на руското вооружување и возила, Украина тврди дека нејзините сили исто така собориле:
-450 тенкови
-93 авиони
-112 хеликоптери
-онеспособени 43 противвоздушни системи.
Информациите не се потврдени од независни извори.