Британскиот министер за одбрана Бен Вaлас денеска на Твитер напиша дека бил контактиран од измамник кој тврдел дека е украинскиот премиер и му поставил неколку прашања.
„Денеска измамник кон тврдеше дека е украинскиот премиер се обиде да разговара со мене. Ми постави неколку сомнителни прашања и откако го почувствував тоа го прекинав повикот“,
напиша Волас на Твитер.
Валас напиша и дека ова е „очајнички обид“ да се отргне вниманието од руската инвазија.
„Никакви руски дезинформации и трикови нема да го отргнат вниманието од руското кршење на човековите права и нелегалната инвазија на Украина. Ова е очајнички обид“,
додава тој.