На крајот на минатата година, СЗО објави дека сериозно ја разгледуваат идејата за издавање дозвола за употреба на руската вакцина „спутник В“, но процесот на евалуација на вакцината е одложен поради руско-украинскиот конфликт, соопштуваат од СЗО
Процесот на евалуација на руската вакцина против коронавирус „спутник В“ е пролонгиран поради руско-украинскиот конфликт, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Експертскиот советник при СЗО, Марианџела Симао, вчера пред новинарите во Женева изјави оти експертскиот тим на СЗО требало да отпатува во Русија на 7 март поради процесот на евалуација и донесување одлука за одобрување на употребата на „спутник В“ во итни случаи, но оти процесот е пролонгиран поради моменталната состојба во регионот.
„СЗО ќе одреди нов датум за посета на Русија колку е можно поскоро“,
истакна Симао.
На крајот на минатата година, СЗО објави дека сериозно ја разгледуваат идејата за издавање дозвола за употреба на руската вакцина „спутник В“.
Со такво одобрение, вакцината ќе биде вклучена во програмата Ковакс што ја спроведуваат Обединетите нации за дистрибуција на вакцини против ковид-19 во сиромашните и земјите во развој.