Во извештај на Конференцијата за трговија и развој (УНКТД) се наведува дека не може да се отфрли ризик од граѓански немири, недостиг на храна и рецесија предизвикани од инфлација, особено со оглед на кревката состојба на глобалната економија и светот во развој поради пандемијата ковид-19

Брзата проценка на УНКТАД за влијанието на војната врз трговијата и развојот покажува нагло влошување на изгледите за светската економија, при што ситуацијата е особено алармантна за африканските и најмалку развиените земји.
Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) денеска предупреди дека конфликтот во Украина веројатно ќе го отежне пристапот до храна и гориво.
Во извештајот на Конференцијата се наведува дека првичните проценки укажуваат на „значително намалување“ на пристапот до храна и гориво, и покрај напорите да се спречат прекините во синџирот на снабдување со клучните производи, како што е пченицата.
Се додава дека околу 25 африкански земји, особено најнеразвиените, се потпираат на увозот на пченица од Русија и Украина.
Зголемените трошоци за транспорт на житарки и други основни прехранбени производи, исто така, ги зголемуваат цените, што најмногу ги погодува најсиромашните земји.
Недостатокот на слободни капацитети во Африка ја ограничува способноста на овие земји да ги надоместат сите изгубени резерви, додека зголемените трошоци за ѓубрива ќе бидат дополнителен товар за земјоделците, се заклучува во извештајот на УНКТАД.
Изобилува загриженост поради двете фундаментални „Ф“ на пазарите на стоки – храната (food) и горивата (fuel).
Украина и Русија се глобални играчи на земјоделско-прехранбените пазари, кои претставуваат 53 проценти од глобалната трговија со сончогледово масло и семиња и 27 отсто со пченица.
Оваа ситуација, која брзо се развива, е особено алармантна за земјите во развој. Дури 25 африкански земји, вклучително и многу најмалку развиени земји, увезуваат повеќе од една третина од својата пченица од двете земји во војна. За 15 од нив уделот е над половина.
Според пресметките на УНКТАД, во просек, повеќе од пет проценти од увозната кошничка на најсиромашните земји се состои од производи кои најверојатно ќе се соочат со зголемување на цената поради војната. Уделот е под 1 отсто за побогатите земји.
Ризикот од граѓански немири, недостиг на храна и рецесија предизвикани од инфлација не може да се отфрли, се вели во извештајот, особено со оглед на кревката состојба на глобалната економија и светот во развој поради пандемијата ковид-19.
„Тешко е да се предвидат долготрајните ефекти од порастот на цените на храната“,
се вели во извештајот.
Но анализата на историските податоци на УНКТАД фрла светлина врз некои вознемирувачки можни трендови.
Циклусите на стоки за земјоделско-прехранбени производи, на пример, се совпаднаа со главните политички настани, како што се немирите за храна од 2007-2008 година и Арапската пролет во 2011 година.
Рестриктивните мерки на воздушниот простор, несигурноста на изведувачите и безбедносните грижи ги комплицираат сите трговски патишта што минуваат низ Русија и Украина. Двете земји се клучна географска компонента на евроазискиот копнен мост.
Во 2021 година, УНКТАД симулираше дека зголемувањето на превозот за време на пандемијата ги зголемило глобалните потрошувачки цени за 1,5 отсто, „со особено преголеми ефекти во ранливите економии, како што се малите островски држави во развој, државите во развој без излез на море и најмалку развиените земји“.