Ѓоковиќ не е вакциниран и тоа досега му беше главната пречка поради која имаше големи прблеми во Австралија, а потоа го окажа учеството на турнирите во САД. Но, Франција во понеделникот ги укина речиси сите епидемиски мерки и веќе не се потребни потврди за вакцинација
Директорката на Ролан Гарос Амели Морезмо изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата во Париз.
„Како што стојат работите, ништо не му стои на патот на Новак Ѓоковиќ да учествува на Отвореното првенство на Франција“,
изјави Морезмо на прес-конференција, на која ги претстави деталните планови за вториот Грен слем, кој започнува на 22 мај.
Ѓоковиќ не е вакциниран и тоа досега му беше главната пречка поради која имаше големи прблеми во Австралија, а потоа го окажа учеството на турнирите во САД. Но, Франција во понеделникот ги укина речиси сите епидемиски мерки и веќе не се потребни потврди за вакцинација.
Сепак претседателот на Француската тениска федерација (ФФТ), Жил Моретон, предупреди дека работите може да се променат пред почетокот на турнирот на 22 мај.
„Вирусот сè уште циркулира и мораме да бидеме внимателни. Ако се повторат работите, Владата ќе преземе нови мерки и ние нема да бидеме исклучени од овие мерки“,
објасни тој.
Моретон сепак е оптимист дека стадионот Ролан Гарос ќе биде полн.
„Почнавме да продаваме билети на 8 март, а 500 000 од 600 000 се веќе продадени. Од 150 000 билети за ноќни сесии, 100 000 се продадени“,
изјави Моретон на прес-конференција денеска.