Во изминатото деноноќие за починато е пријавено само едно лице, а според Регистарот за починати лица од ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се дополнително четири лица со датум на смрт од 19 февруари до 9 март. Од сите регистрирани починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети, соопшти Министерството за здравство
Во последното деноноќие направени се 2 605 тестови од кои се регистрирани 312 ковид-позитивни лица. Од вкупниот број на позитивни, регистрирана е 51 реинфекција со вирусот, а моментално во земјава се регистрирани 1 833 активни случаи на ковид.
Најголемиот дел од новозаразените во последното деноноќие се од Скопје – 181, Прилеп – 17, Битола и Кавадарци – по 13, Куманово – 12, Охрид – 11, Велес и Гостивар- по 8, Струмица – 7, Гевгелија – 6, Ресен – 5, Штип – 4, Тетово, Кичево, Берово и Кратово – по 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница – по 2, Неготино, Дебар и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Радовиш (77г), кое е починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени четири починати лица, тројца од Скопје а едно од Крива Паланка. Смртта на починатите е пријавена во периодот од 19 февруари до 9 март, а пријавените лица се на возраст од 66 до 88 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Прилеп – 29, Куманово – 18, Битола и Велес – по 13, Кавадарци – 12, Ресен – 10, Кичево – 8, Гостивар и Тетово – по 6, Струмица – 5, Берово, Крива Паланка и Виница – по 3, Штип, Кочани, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Кратово, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1 925 963 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301 895, бројот на оздравени пациенти е 290 907, на починати е 9 155, а бројот на активни случаи изнесува 1 833.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 141 095, Активни 982
Куманово 16 408, Активни 71
Битола 14 474, Активни 125
Прилеп 13 800, Активни 129
Тетово 13 379, Активни 44
Кавадарци 10 285, Активни 65
Велес 9 598, Активни 70
Гостивар 9 495, Активни 30
Охрид 8 600, Активни 68
Струмица 7 951, Активни 28
Штип 7 939, Активни 17
Кичево 5 493, Активни 32
Кочани 5 004, Активни 21
Струга 4 666, Активни 12
Гевгелија 4 307, Активни 21
Неготино 3 632, Активни 11
Ресен 2 642, Активни 21
Свети Николе 2 607, Активни 1
Радовиш 2 493, Активни 9
Крива Паланка 2 395, Активни 11
Делчево 1 902, Активни 2
Дебар 1 659, Активни 12
Берово 1 634, Активни 3
Валандово 1 464, Активни 5
Виница 1 365, Активни 14
Пробиштип 1 258, Активни 1
Богданци 1 008, Активни 5
Кратово 951, Активни 11
Крушево 913, Активни 4
Демир Хисар 821, Активни 5
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 582, Активни 1
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 340, Активни 0