На 2 март Абрамович објави дека ќе го продаде Челзи. Подоцна, британската влада воведе и санкции за бизнисменот. Со санкциите, целиот имот на Абрамович на територијата на државата беше замрзнат, што го комплицираше процесот на продажба на Челзи
Прес-службата на британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека навивачите на Челзи треба да престанат да го скандираат името на рускиот бизнисмен Роман Абрамович.
Вчера (13 март), навивачите на клубот за време на натпреварот од Премиер лигата со Њукасл му дадоа поддршка на Абрамович, кој се најде на листата за санкции на Велика Британија.
„Ја препознаваме силата на чувствата на луѓето околу клубовите, но во моментов тоа е сосема несоодветно. Навивачите можат да покажат страст и поддршка за својот клуб на поинаков начин, без прибегнување кон такви работи“,
побараа од прес-службата на Џонсон.
На 2 март Абрамович објави дека ќе го продаде Челзи. Подоцна, британската влада воведе и санкции за бизнисменот. Со санкциите, целиот имот на Абрамович на територијата на државата беше замрзнат, што го комплицираше процесот на продажба на Челзи.
Лондонскиот клуб доби специјална дозвола да продолжи со работа, но со голем број ограничувања. Тимот не може да врши акции на трансфер пазарот, да ги обновува договорите со сегашните играчи, да продава билети за натпревари на навивачите, со исклучок на сезонските билети.
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN