Во видео изјава, украинската вицепремиерка Верешчук рече дека евакуацијата била извршена преку седум хуманитарни коридори
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук соопшти дека повеќе од 4 000 цивили денеска се успешно евакуирани од украинските градови на првите линии на конфликтот.
Во видео изјава, Верешчук рече дека евакуацијата била извршена преку седум хуманитарни коридори.
Три други вакви коридори, сепак, не можеле успешно да функционираат, додаде таа.
Верешчук, исто така, ги обвини руските сили дека пукале врз цивилите кои се евакуирале во регионот на Киев.
Русија постојано ги негира тврдењата на украинските власти дека нејзините сили пукале во цивилите.
Во саботата, Украина ги обвини руските сили за убиство на седум цивили, жени и деца кои се обиделе да побегнат од борбите во селото Перемоха во близина на Киев.