Набргу по полетувањето на авионот на „Ер Србија“ за Москва, од аеродромот „Никола Тесла“ ја известиле полицијата дека добиле електронска пошта со известување дека во авионот била поставена експлозивна направа, по што авионот се вратил на Сурчин, а по проверките се покажало дека дојавата е лажна
Екипа за контрадиверзија на МВР на Србија извршила преглед на трупот на леталото и багажот на патниците во авионот на „Ер Србија“ кој летал од Белград за Москва и за кој имаше дојава дека имало бомба, при што не е пронајдено ништо сомнително.
По втор пат во последните неколку дена, поради лажна дојава за поставена бомба во авион на „Ер Србија“ на релација Белград – Москва, авионот е вратен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Веднаш по слетувањето, сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани, а во авионот се качиле и припадници на Специјалната антитерористичка единица, со кучиња обучени да пронаоѓаат експлозив.
И авионот и багажот на патниците биле детално прегледани со помош на кучиња и со рачен претрес, при што не било пронајдено ништо сомнително.
Набргу по полетувањето на авионот на „Ер Србија“ за Москва, од аеродромот „Никола Тесла“ ја известиле полицијата дека добиле електронска пошта со известување дека во авионот била поставена експлозивна направа.
Во согласност со процедурите, наредено е враќање на авионот на белградскиот аеродром.
Пред три дена, во петокот, исто така, беше пријавено дека во авионот на „Ер Србија“ има бомба.