Денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи дека Русија ќе одговори на „словачкото неоправдано протерување“ тројца руски дипломати
Словачка одлучи да протера тројца дипломати од руската Амбасада во Братислава, врз основа на податоците на тајната служба, и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на оваа држава.
„Истовремено, Министерството за надворешни работи силно апелира до Амбасадата на Руската Федерација нивните претставници да ги извршуваат своите должности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“,
се вели во соопштението.
Денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи дека Русија ќе одговори на „словачкото неоправдано протерување“ тројца руски дипломати.