Опишувајќи го неодамнешното подигање на нивото на готовност од страна на Русија за нејзините нуклеарни сили како „застрашувачко раздвижување“, тој додаде дека изгледите за нуклеарен конфликт – некогаш „незамисливи“, сега се вратија во доменот на можни
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш најави дека ОН ќе доделат дополнителни 40 милиони долари за зголемување на хуманитарната помош во Украина.
Говорејќи во Њујорк, тој рече дека средствата ќе помогнат да се внесат критичните резерви на храна, вода, лекови и други витални резерви во земјата, како и да се обезбеди парична помош за оние на кои им е потребна.
Тој предупредува дека натамошната ескалација на конфликтот во Украина – без разлика дали е случајна или намерна – му се заканува на „целото човештво“.
Опишувајќи го неодамнешното подигање на нивото на готовност од страна на Русија за нејзините нуклеарни сили како „застрашувачко раздвижување“, тој додаде дека изгледите за нуклеарен конфликт – некогаш „незамисливи“, сега се вратија во доменот на можни.
Гутереш, исто така, повикува на „итен прекин на непријателствата“ и „сериозни преговори засновани на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право“.