Тројцата претставници на администрацијата изјавиле дека некои вработени кои работеле на патувањето на потпретседателката Харис останале во Европа за да помогнат во планирањето на можна претседателска посета на регионот
Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина, соопшти турското Министерство за одбрана
Претставници на Белата куќа разговараат за можноста американскиот претседател Џо Бајден да отпатува во Европа во наредните недели за да разговара со сојузниците за Русија и Украина, изјави денеска висок американски претставник за западни медиуми, а информацјата е потврдена од три извори, објави Ен-би-си Њуз.
Американскиот функционер го навел Брисел, каде се седиштата на НАТО и на Европската унија, како можна локација каде Бајден би престојувал.
Изворот на кој се повикуваат медиумите сепак вели дека планот не е финализиран. Од Белата куќа одбиваат да ја коментираат оваа информација.
Евентуалното патување на Бајден во Европа ќе следи по посетата на потпретседателката Камала Харис на Полска и Романија минатата недела. Тројцата претставници на администрацијата изјавиле дека некои вработени кои работеле на патувањето на Харис останале во Европа за да помогнат во планирањето на можна претседателска посета на регионот.
Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина, соопшти турското Министерство за одбрана.