Полицијата казни 106 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената на автопатот Куманово – Скопје – -Велес. Акциската контрола била спроведена денеска од мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Како што соопшти МВР, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.