Маж вооружен со нож рано утринава повредил полицаец во Марсеј, а полицијата го возвратила огнот и напаѓачот е убиен, пренесуваат локалните медиуми во овој француски град.
Напаѓачот вооружен со нож околу 10 часот во близина на градската општина во Марсеј тргнал во напад на полицајците.
Еден полициски службеник е ранет, а потоа по пукање од страна на полицијата убиен е напаѓачот, кој починал на местото на настанот.
Како што информираат француските медиуми, мотивот на нападот засега не е познат.