Украинскиот северен град Чернигов утрово повторно бил цел на руски напади, а ситуацијата во опколениот град секој ден се влошува, пренесе Би-би-би Украина
Откако рано утринава украинците повторно се разбудиле со сирените за предупредување од воздушен напад. државната служба за вонредни ситуации на Украина соопшти дека утрово во Киев се пријавени два пожари кои избувнале како резултат на гранатирање.
Погоден е магацин за складирање замрзната храна во регионот на Киев, по што истиот се запалил. Службата соопшти дека пожарот е локализиран и гаснењето сè уште трае, пренесува „Киев Индепендент“.
Нападот се случил на 36 километри јужно од Киев.
Оперативниот координативен центар на Главната дирекција на Државната служба за вонредни состојби на Украина во Киев потоа добил дојава и за пожар кој избувнал на улица во областа Подолск во главниот град.
Погодена била административна зграда чиј покрив се запалил. Пожарот бил изгаснат.
Украинскиот северен град Чернигов утрово повторно бил цел на руски напади, а ситуацијата во опколениот град секој ден се влошува, пренесе Би-би-би Украина.
Во однос на тоа постојано се гранатира и е цел на воздушни бомбардирања, во градот се целосно прекинати снабдувањето со гас, топлинска енергија и вода.
Резервите кои луѓето ги собрале наскоро ќе се потрошат. Струја има само во неколку области, а поголемиот дел од градот е без светло и комуникациите се прекинати, јавија локалните медиуми.
И Дњепар беше еден од градовите кои утрово беа гранатирани од руска страна, но градоначалникот Бориј Филатов информира дека украинските системи за противвоздушна одбрана се активирале и успешно го одбиле нападот, јавуваат тамошните медиуми.