Вкупно три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во вчерашниот руски напад врз породилиште и детска болница во градот Мариупол во јужна Украина, соопштил заменик-градоначалникот на Мариупол за Би-би-си.
Околу 17 лица се повредени во бомбардирањето, вклучително и персонал и пациенти, соопштија локалните власти.
„Апсолутно сум сигурен дека знаат за оваа установа и ова е нивна трета болница што ја уништуваат во овој град“,
изјави Сергеј Орлов за Би-би-си.
Тој рекол дека болницата со 300 кревети наменета за лекување пациенти болни од ковид била уништена со артилериско гранатирање претходниот ден, заедно со центарот за собирање крв во Мариупол.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека луѓето се заробени под урнатините и го карактеризираше нападот како „воено злосторство“.