Поради санкции од Западот, Русија никогаш нема да го смени својот став околу Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми.
И самиот портпарол вчера се најде на листата на санкции на ЕУ, што значи дека е замрзнат неговиот имот во Унијата, а со слични санкции претходно се соочија и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, како и претседателот Владимир Путин.
Песков додаде дека, иако почнаа преговорите меѓу Москва и Украина, нема планови за разговори меѓу претседателите на двете земји, пренесуваат руските медиуми.
Вчерашните преговори завршија со договор за нова средба, која би требало да се одржи на белоруско-полската граница.
Тој ги отфрли обвинувањата дека на удар на руските сили во Украина се цивилни цели, како и дека користат касетни и вакуум-бомби.