Ако ви тече носот и искашлувате кога имате настинка, не може да сте заразени од новиот вид коронавирусна пневмонија, затоа што коронавирусната пневмонија е сува кашлица без течење на носот.
Ова е накусо објаснувањето од доц. д-р Методија Трајаноски, специјалист по социјална медицина и јавно здравје и специјалист по применета епидемиологија и медицина базирана на докази за тоа како наједноставно секој може да утврди дали е заразен со коронавирус.
Во услови кога на социјалните мрежи се шират дезинформации и лажни вести, д-р Трајановски дава стручно објаснување за самиот вирус, за неговото ширење, како и совети за тоа како да се заштитиме.
Коронавирусот не е отпорен на топлина
Вирусот од Вухан не е отпорен на топлина и ќе биде убиен на температура од 26 до 27 Целзиусови степени. Затоа, пијте повеќе топла вода.
Можете да им кажете на пријателите и роднините да пијат повеќе топла вода за да го спречат вирусот. Одете на сонце. Неодамна беше студено, а пиењето топла вода е исто така многу пријатно. Тоа не е лек, но е добро за организмот. Пиењето топла вода е ефикасно за сите вируси.
Обидете се да не пиете мраз, запомнете!
Совети на докторот за коронавирусот:
1. Тој е прилично голем во големина (ќелијата е со дијаметар од околу 400-500nm), така што секоја нормална маска (не само со карактеристика N95) треба да може да го филтрира. Меѓутоа, кога некој што е заразен кива пред вас, ќе бидат потребни околу 3 метри (околу 10 стапки) пред вирусот да падне на земја и повеќе да не е пренослив преку воздух.
2. Кога вирусот ќе падне на метална површина, тој живее најмалку 12 часа. Па запомнете, ако дојдете во контакт со каква било метална површина, темелно измијте ги рацете со сапун.
3. Вирусот може да остане активен на ткаенина 6-12 часа. Нормалниот детергент за перење би требало да го убие вирусот. Зимската облека, која не бара секојдневно перење, можете да ја излуфтирате на сонце за да го убиете вирусот.
Кои се симптомите на пневмонија предизвикани од коронавирус
1. Прво ќе го зарази грлото, така што во грлото ќе имате суво чувство на болка кое ќе трае 3 до 4 дена
2. Тогаш вирусот ќе се вгнезди во носната течност, ќе се спушти во душникот и ќе влезе во белите дробови, предизвикувајќи пневмонија. Овој процес ќе трае од 5 до 6 дена.
3. Со пневмонија, доаѓа до висока температура и отежнато дишење. Назалната конгестија не е како нормалната. Се чувствувате како да се давите во вода. Важно е да одите веднаш да побарате лекарска помош ако вака се чувствувате.
Како да се заштитиме
1. Најчестиот начин на зараза е при допир на предмети, затоа мора често да ги миете рацете. Вирусот може да живее на вашите раце 5-10 мин., но заразата може да се случи во тие 5-10 мин (може да ги истриете очите или несвесно да го истриете носот).
2. Покрај честото миење на рацете, можете да правите и гаргара со бетадин за болното грло за да ги елиминирате или минимизирате бактериите додека тие сè уште се наоѓаат во грлото (пред да се спуштат до белите дробови).
Затоа, внимавајте и пијте многу вода.
*Поврзана вест: