Претходно Русија соопшти дека нејзините војници ја зазеле централата и дека операциите продолжуваат нормално
Украинските власти ги негираат руските тврдења дека нивните сили ја зазеле нуклеарната централа Запорожје – најголемата во Европа.
„Енергоатом“, украинската државна нуклеарна компанија, изјави за новинската агенција Интерфакс дека таквите тврдења на Москва се апсолутна лага.
Претходно Русија соопшти дека нејзините војници ја зазеле централата и дека операциите продолжуваат нормално.
„Руските војници целосно ја чуваат и контролираат областа околу нуклеарната централа Запорожје. Персоналот продолжува да работи на одржување на објектите и контрола на радиоактивната ситуација во нормален режим“,
изјави генерал-мајор Игор Конашенков од руското Министерство за одбрана во соопштение.
Во меѓувреме, украинската армија соопшти дека Москва го забавила темпото на офанзива, на петтиот ден од нападот врз Украина.
„Руските окупатори го забавија темпото на офанзивата, но и натаму се обидуваат да постигнат напредок во некои зони“,
се наведува во соопштението на Генералштабот на украинската војска.