Гласањето на 15-члениот Совет вчера беше процедурално, па Русија не можеше да стави вето туку само гласаше против, заедно со Кина и Обединетите Арапски Емирати
Советот за безбедност на Обединетите нации за денеска свика вонредна седница на Генералното собрание на која ќе се расправа за руската инвазија на Украина, додека западните сојузници ја интензивираат дипломатската кампања за изолација на Москва.
Гласањето на 15-члениот Совет вчера беше процедурално, па Русија не можеше да стави вето.
Одлуката за свикување на седницата на Генералното собрание е донесена со 11 гласа „за“.
Русија гласаше против, додека Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани.