Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека сега е „клучниот момент“ да се донесе одлука за членството на Украина во Европската унија.
Во твит, Зеленски откри дека разговарал со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за „понатамошна ефикасна помош и херојската борба на Украинците за нивната слобода и иднина“, објави Ројтерс.
По разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, тој рече дека оружјето и опремата на украинските партнери пристигнуваат во Украина.
Зеленски наведува и дека со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, дискутирал за „натамошна ефикасна помош“, како и за „херојската борба на Украинците за својата иднина“.