Ова е првиот прекин на врските откако Русија и Украина станаа независни земји по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година
Украинскиот лидер Володимир Зеленски ги прекина дипломатските односи на Киев со Москва како одговор на руската инвазија.
„Ги прекинувавме дипломатските односи со Русија“,
нагласи Зеленски во видеопорака.
Ова е првиот прекин на врските откако Русија и Украина станаа независни земји по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија.
Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја.