Како НАТО-членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина, вели шефот на државата во писмена изјава
Претседателот Стево Пендаровски за денеска, со почеток во 14 часот, свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.
Во писмена изјава, македонскиот претседател изразува силна осуда за воените дејствија на Русија кон Украина.
„Изразувам силна осуда за воените дејствија што Русија ги презема над Украина, кои неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа. Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“,
се наведува во изјавата на Пендаровски.