Признавањето на независноста на Доњецк и Луганск, коментираат светските медиуми, би ѝ овозможило на Русија да испрати војници во Украина со цел наводно да ги заштити двете независни држави
Непосредно пред крајот на своето обраќање до нацијата и остатокот од светот, рускиот претседател Владимир Путин, сè уште во директен пренос на руската национална телевизија, потпиша указ за признавање на независноста на Доњецк и Луганск, територии во источна Украина контролирани од проруски сепаратисти.
Тој рече дека е убеден оти граѓаните на Русија ќе ја поддржат неговата одлука и ги повика украинските сили да престанат да пукаат.

Признавањето на независноста на Доњецк и Луганск, коментираат светските медиуми, би ѝ овозможило на Русија да испрати војници во Украина со цел наводно да ги заштити двете независни држави.
Во телевизиско обраќање до нацијата тој на почетокот ја образлож одлуката за признавање на суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н. Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН.
Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена од Русија.
Оваа намера тој претходно ја најави и на Советот за национална безбедност.
Дека ќе ја признае независноста на проруските сепаратистички територии во источна Украина, Путин ги информирал и францускиот колега Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, посредници во конфликтот во источна Украина, а тие, според Кремљ, „го изразиле своето разочарување“.
Европската унија е подготвена да воведе санкции доколку Москва одлучи да ја признае независноста на сепаратистичките региони во источна Украина и го повикува рускиот претседател Владимир Путин да не го прави тоа, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борел.
„Претпоставуваме дека Путин нема да го стори тоа, но ако го направи, тогаш ќе ставам пакет санкции на масата на европските министри“,
изјави Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.