Дискутиравме за динамиката на работните групи, продуктивноста на тој план и можностите за пробив на европски план, кој би значел заеднички успех, објави шефот на државата
Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на Минхенската конференција, остварил средба со бугарскиот премиер, Кирил Петков.
Пендаровски на својот фејбук профил напиша дека со премиерот на Бугарија дискутирал за динамиката на работните групи како и можностите за пробив на европски план.
„Со бугарскиот премиер Петков имав прилика да поразговарам и на маргините на Минхенската конференција, по неодамнешната средба во Скопје. Дискутиравме за динамиката на работните групи, продуктивноста на тој план и можностите за пробив на европски план, кој би значел заеднички успех“.
напиша Пендаровски на ФБ.
Вчера во Минхен, средба со Петков имаше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Денеска, пак, Ковачевски објави дека, на маргините на безбедносната конференција, обраќањето на американската потпретседателка, Камала Харис, го следел заедно со Петков и со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Притоа, Блинкен изразил поддршка за дијалогот меѓу Скопје и Софија.